Какви сте всушност вие? Одговорете што гледате на оваа фотографија и ќе дознаете

ИЗВОРНов Лист
|

Дали некогаш сте се запрашале колку и дали сте наивни? Одговорете на ова едноставно прашање и ќе дознаете:

Што гледате прво на сликата?

-Лице на постара жена, во позадина

Вие сте намачкани со сите бои! Би биле познат филозоф или монарх во времето на ренесансата и во древна Грција и за вас сега би се учело во учебници. Освен што сте поинтелигентни од повеќето луѓе, вие често манипулирате со нив. Тоа ви е и најголема маана и поради тоа луѓето се претпазливи со вас и не ви веруваат. Кога треба да се снајдете во секојдневниот живот, од вас нема подобар. Проверете дали под зборот “лисица” стои вашето име.

-Замрзнат планински врв

Вас може да ве прелаже кој сака. Вашата добрина е ваш најголем квалитет, но од друга страна, таа ви се враќа како бумеранг и често ве повредува. Повеќето луѓе сакаат да ве искористат и добро знаат дека нема да ги одбиете. Токму поради оваа ваша доблест, често не ги гледате замките кои животот ги става пред вас. Не се оптоварувјте со ова. Тие што ве сакаат ќе знаат да ги ценат овие ваши квалитети и ќе ве почитуваат како пријател на кој секогаш можат да се потпрат.

-Војници и коњи

Не дозволувате лесно да ве излажат, но сепак тоа често ви се случува. Зошто е тоа така, често се прашувате. Ако сте добро расположени, ништо не може да ве запре, храбри сте и самоуверени. Но, во деновите кога сте “паднати” со расположението , дозволувате да ви се случуваат секакви глупости. Бидете фокусирани и сконцентрирани на она што се случува околу вас и на луѓето кои ве опкружуваат, само така ќе напредувате во работата, љубовта, факултетот.