|
По повод 8-ми март, ако практикувате свежо цвеќе за подарок, добро би било да се информирате кој цвет носи среќа, а кое се верува дека носи само негативност и тага.
За оние кои не знаат, нарцисите се цветови кои значат самољубие, па нивното подарување може да симболизира презир.
Цвеќе кое нема пријатно значење се и бегониите, кои се симбол на црни мисли, како и лавандата која претставува недоверба.
Хризантемите се цветови кои се носат за тажни моменти, а исто за несреќни моменти се даваат и кринови.