Какво време ќе имаме ОВАА седмица: Попоски прогнозира до 16.април

|

Метео прогнозерот Славчо Попоски нè известува какво ќе биде времето во текот на наредните денови.

Според Попоски денеска под влијание на влажен и постуден воздушен бран од северозапад ќе има нови врнежи од дожд, додека на планините врнежите од дожд ќе премнинуваат во снег, а ќе дува и засилен ветер од северозападен правец.

Ќе има услови и за ретка појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи, додека температурите ќе бидат значително пониски за разлика од денешните и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.

Нова стабилизација на времето се очекува уште од самиот почеток на следната недела, иако во понеделник ќе има услови за сосема слаб и локален дожд и снег на повисоките места и на планините, и тоа особено во северните и во североисточните предели. Во понеделник сè уште ќе дува засилен ветер од северен правец.

Според сегашните изгледи во текот на следната недела ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност. Особено во понеделник и во вторник наутро температурите некаде ќе се спуштаат само неколку степени под нулата со што ќе има услови и за појава на слаб мраз, додека потоа истите ќе бидат насекаде позитивни.

Максималните температури ќе бележат тенденција на секојдневен пораст и до крајот на следната недела, во најтоплите предели, температурите пак ќе бидат рано летни и ќе се искачуваа до околу 25 степени – заклучува Попоски.