За време на новогодишната ноќ ќе преовладува суво време со умерен северен ветер, а температурата ќе биде околу нулата.
Сувото и ветровито време ќе се задржи и во вторник, а веќе од среда се очекува ново наоблачување кое ќе донесе локални врнежи од снег кои ќе ги има и во четврток.
Во текот на денешниот ден ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од снег во западните и југозападните делови од државата. Утринските температури ќе се движат од -6 до -2 степена, а дневните од 2 до 8 степени.