Светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула.
Остарен како незнабожец и идолски жрец Лукилијан како белокос старец ја позна христијанската вистина и се крсти. Неговото обраќање во христијанство предизвика голема возбуда меѓу незнабожците во Никомидија и беше изведен на суд, но бидејќи не сакаше да се одрече од својата нова вера, луто беше биен и претепан го фрлија во затвор.
Во затворот најде четири момчиња: Клавдиј, Ипатиј, Павле и Дионисиј, заробени заради верата во Христа. Старецот им се израдува на момчињата и тие нему, и сите заедно го минуваа времето во побожни разговори, молитви и псалмопение. Кога ги изведоа од затворот, ги ма чеа со разни ма ки и најпосле ги пратија во Византија, каде што момчињата беа од во јниците исе чени со меч, а Лукилијан од Евреите расп нат на крст. Злобните Евреи целото тело му го избо цкаа со клинци. Некоја девица Паула јавно го зеде телото на маче никот и го пог реба чесно. За ова беше обвинета, па маче на и на крајот ја исе коа. Од Господ прими два венци: на девственост и на маче ништво. Овие маче ници пост радаа во времето на царот Аврелијан, меѓу 270 и 275 година.
Тропар
Како на орел што се обновува во младоста негова, така верата во светиот Лукилијан обнови сила духовна, заточен со светите младенци Клавдиј, Ипатиј, Павле и Дионисиј, заедно сите кон Бога благодарност вознесуваа за обнова на нивните тела од маче њата. Со мудрата девственичка Павла, о свети, маченички венци добивте, исповедувајќи дека чистотата на срцето е над секое умно мудрување, молете се свети маченици, за овој род бунтовен човечки.
Светиот свештеномаченик Лукијан
Римјанин, познат по своето благородничко потекло, по богатството и ученоста. Некое време бил ученик на Светиот апостол Петар. Подоцна папата Климент го испрати заедно со Дионисиј Ареопагит во Галија, за проповед на Евангелието, откако претходно го ракоположи за епископ. Лукијан многу ревносно ја сееше Христовата наука најпрво ширум Галија, а потоа и во Белгија. Кога злобниот цар Доментијан почна да ги про гонува христијаните, од Рим во Галија беше испратена специјална потера за да ги побара и да ги испофаќа христијанските мисионери. Тие прво го фатија и го уб ија Свети Дионисиј, а потоа тргнаа да го бараат и Свети Лукијан. Го најдоа во Белгија, заедно со неговите помошници, презвитерот Максијан и ѓаконот Јулијан, па на едно место ги уб ија овие двајцата, а на друго го за клаа Лукијан. Откако му ја исе коа главата, телото на Лукијан се дигна од земјата, ја зеде својата глава со рацете (слично како телото на Свети Дионисиј, а и на Свети Јован Владимир) и така отиде до она место каде што сакаше да биде погр ебан. Овде падна и го пог ребаа. Над неговите мошти подоцна изградија црква.
Светиот маченик Димитриј, принц руски
Подло беше уб иен од властољубивиот Борис Годунов во осмата година од својот живот, 1591 година, во градот Углич. Му се јави по см* тта на еден монах и му прорече дека ќе се јави лажен Димитриј, којшто ќе ја предизвика см* тта на уб* ецот Борис Годунов. На гро бот на овој принц се случуваа безброј чуда. Неговите мошти после петнаесет години беа откриени цели и нетлени и свечено пренесени во Москва, каде што ги погребаа во црквата на Св. Архангел Михаил.