Календар на МПЦ: Денес се празнуваат Преподобен Давид и Тихвинската икона

ИЗВОРНов Лист
|

Преподобен Давид

Родум солунјанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија. Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку се очисти, што се удостои со голема благодат од Бога. Еднаш зеде жар во раката, стави темјан и го покади царот без ни малку да си ја повреди раката. Кога го виде ова, царот му се поклони до земја. Со своите многубројни чуда ги восхити луѓето. Се упокои мирно и се пресели во блажената вечност во 540 година.

Тропар
Христе Господи, секаде каде што благодат врз благодат се додава, се надминува човековата природа. Малку се ѕвездите чија светлина ги пробива облаците, малку се бестрасните, о преподобен отче Давиде се што е на дар дарувано по твоите молитви, на дар е принесено до верните, кои преку тебе Бога Го прославуваат.

Празник на Тихвинската икона

Оваа икона на Пресвета Богородица најпрво беше во Цариград, но седумдесет години пред падот на Цариград, во 1383, таа ненадејно се појави во воздухот во близина на градот Тихфин во северна Русија. На местото каде што се спушти беше устроена црква и обител. А според градот Тихфин се нарече Тихфинска. Безбројни чуда се случија од оваа чудотворна икона, особено исцеленија на мнозина болни.