Калиопи јавно му го честиташе роденденот на поранешниот сопруг, актерот Васил Зафирчев

ИЗВОРновлист
|

Кога пејачката Калиопи Букле и актерот Васил Зафирчев запливаа во брачните води во 2004 година, во јавноста се крена голем прашина поради нивната разлика во годините.

Нивната брачна идила заврши по седум години и се разведоа во 2011 година. Иако нивниот брак заврши, тие секогаш останаа искрени пријатели. Двајцата одлично функционираат како пријатели, а тоа досега неколкупати јавно го покажале.

Овој пат Калиопи на својот Инстаграм профил објави фотографија од Зафирчев по повод неговиот роденден.

Завирчев својот роденден го прослави во ресторан во мало одбрано друштво, а меѓу присутните секако беше и Калиопи. Таа преку социјалните мрежи му упати јавна роденденска честитка во која му напиша:

-Биди секогаш среќен мој драг и сакан Зафирчев! – пишува Калиопи во честитката.

Имено, Васил наполни 40 години. На социјалните мрежи сподели фотографија и напиша:

-Драги мои, ви благодарам од срце на убавите честитки по повод мојот 40-ти роденден. Возвраќам со најискрена желба за ваша секогаш среќна сегашност, оти животот е вечна сегашност. Едно големо овде и едно долго, долго сега. Затоа секогаш бидете овде и сега за вас и за оние кои ги сакате и кои ви значат.