Поп-дивата Калиопи Букле во интервју за српските медиуми решила да ги сподели приказните за својот приватен живот. Интервјуто на Калиопи е пред еден од нејзините концерти, кои ги одржуваше во белград, во „Коларац“. Во интервјуто таа зборува и за двата развода – со Ромео Грил и актерот Васил Зафирчев. Како ги надминувала тешките мигови во животот, но открива детали и за својот син Пако.
„Паметни луѓе сме и имавме квалитетен однос. Ромео и јас се разделивме, а веќе следната година отидовме во студио и направивме албум. Некому му е тоа чудно, но не и нам. Ромео е моето главно рамо за плачење и ден-денес. Она што тој мора да го издржи е приказна за себе“, раскажала Калиопи за односот со Ромео Грил од кого е разделена повеќе од две децении.
Таа вели дека во животот не може сѐ да биде онака како што ние сакаме. Вели дека не се кае за ништо што досега направила оти што и да се случило, тоа е нејзината приказна. „Не е убаво кога во животот е сѐ мазно, мора да има и малку прашина“, рекла Букле потенцирајќи дека и вториот развод не го сфатила трагично.
На прашањето за нејзиниот синот Пако, кој со татко му Ромео Грил живее во Швајцарија, Калиопи изјавила:
„Најемотивен момент во мојот живот беше раѓањето на мојот син Пако. Тој живее во Швајцарија и не сака да зборувам за него. Постојано ни вели: Немојте да зборувате за мене, заборавете ме во изјавите“, така што морам да ги почитувам неговите желби“, изјавила Калиопи за српските медиуми.