КАМ маркетите апелираат на разумно пазарење – на кратко можеби ќе затворат за да надополнат намирници

|

КАМ маркетите апелираат купувачите да пазаруваат без претерување и тоа со залиха само за една недела, поради тоа што како што информираат оттаму, функционираат со истите ресурси од претходно, во услови на зголемена потрошувачка поради ситуацијата во државата.

„Апелираме да не претерувате во набавката и да се ограничите на набавка на неделни количини. Со таков начин на пазарување само се доведува во прашање рамномерното снабдување на секој од вас. Бидете солидарни и со купувачите кои ќе дојдат после вас“, стои во соопштението на маркетот на Фејсбук.

КАМ ќе работи со скратено работно време од понеделник до петок од 8 и 30 до 19 и 30 часот, во сабота од 8 и 30 до 18 часот, а во недела од 8 и 30 до 16 часот.

Ако процесот на снабдување не можат краткорочно да го обезбедат оттаму велат дека ќе бидат приморани краткорочно да ги затворат маркетите со цел да ги надополнат со стока.