Камерон Дијаз ќе се врати од пензија и ќе глуми во претстојната акциона комедија на Нетфликс „Back In Action“.
Како Камерон Дијаз реши да се врати на актерството е посебна приказна. „Виновник“ за се е Џејми Фокс кој и се јавил на актерката на телефон, а во целата акција го вклучил и споменатиот Том Брејди.
„Камерон Дијаз официјално се враќа од пензија!!! Таа ќе глуми со Џејми Фокс во нов филм на Нетфликс – и имаме една неочекувана личност на која ѝ благодариме што ја вративме ‘во акција’…“, гласи објавата на Нетфликс на Твитер.
Целиот разговор го објави Џејми Фокс на својот Твитер профил.
„Камерон, се надевам дека не си лута што го снимив ова, но сега нема враќање назад“. Морав да го повикам најдобриот на сите времиња (Том Брејди) да го вратам најдоброто на сите времиња (Камерон Дијаз). „Враќање во акција“, нашиот нов филм на Нетфликс, напиша Џејми Фокс.
Нетфликс сè уште не одредил датум за прикажување на филмот, но Фокс напиша на Твитер дека продукцијата треба да започне оваа година.