Две жени, кои што се породиле во изминативе два дена на Клиниката за гинекологија се заразени од корона вирус, дознава Канал 5 од извори од здравство..
Се работи за родилки од Куманово и од Охрид, а бебето на едната од нив, за жал починало, но не е позната причината за смртта..
Неофицијално, тие во Клиниката дошле со симтоми на вирусот.
Од Министерството за здравство во изминатиот период најавија дека само тешките случаи на бременост и породување ќе се извршуваат на Клиниката за гинекологија, каде меѓудругото, ќе се примаат и родилки со корона вирус..
Полесните породувања ќе се изведуваат во болницата во Чаир..