Канје Вест не го прифаќа фактот дека повеќе не е во брак со Ким Кардашијан, па на сите можни начини се обидува да се смири со старлетата.
Раперот Канје Вест неодамна купил резиденција спроти куќата на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан, каде што живее со нивните четири деца Норт (8), Сент (6), Чикаго (3) и Псалм (2).
– Беше сосема логично да има место во близина на децата, го зеде токму кога излезе на пазар на почетокот на декември, а сите документи беа готови непосредно пред Божиќ – вели извор близок на раперот за странските медиуми.
Според Инсајдер, имотот во Калабасас што го купил Кање се наоѓа на парцела од 1 хектар која е „совршена да се развие во она што тој го замислува“.