Канје ја прекина врската со новата девојка и испрати камионет со рози на Ким Кардашијан

ИЗВОРНов Лист
|

Канје Вест ја прекина врската со новата девојка и веднаш се фрли на додворување на поранешната сопруга Ким Кардашијан.

Американските медиуми објавија дека Канје ја прекинал врската со Џулија Фокс и потоа, на Денот на вљубените, испратил камион полн со рози на адресата на Ким Кардашијан. „Мојата визија е кристално чиста“, пишувало на автомобилот, а истото го напишал и во објавата на Инстаграм објавена на Денот на вљубените, која потоа ја избришал. Во таа објава тој ја означи Ким.

Инаку, Канје овие денови баш и не ги живее деновите од својот живот. Секојдневно на социјалните мрежи ги напаѓа познатите личности поврзани со Пит Дејвидсон, новото момче на Ким Кардашијан, а е исвиркуван на стадионот на кој се играше Суперболот, каде што се појави со децата Норт и Сент.

Ким не реагирала на неговите романтични обиди, а на Денот на вљубените била видена со Дејвидсон на вечера.

Џулија Фокс, пак, ги избриша сите нивни заеднички фотографии од својот Инстаграм. „Имам љубов во мене за тој човек, но не бев заљубена во него. “, напиша таа по паузата и додаде дека знае дека сите би сакале да ја видат во солзи.