Кариерата вртоглаво започнала да му расте од Скопје – Ретко кој знае дека првиот спот на Шабан е промовиран тука, а тој бил сместен на Водно

ИЗВОРСкопје24
|

Овој период пејачот е секојдневно во медиумите каде се поврзува во најразлични контексти, а ние откривме едно интервју на пејачот од 2016 година во емисијата „Из профила“ каде раскажува за почетокот на неговата кариера и прва песна.

Верувале или не Шабан првата песна „Утјеха“ ја има промовирано во Скопје по што неговата кариера започнала да се движи во нагорна линија.

Тој раскажува дека песната станала радио хит веднаш, но на телевизија се појавила откако ја промовирал во Скопје.

-Го снимив тој спот и беше некоја телевизиска емисија која се викаше „Гостите на нашето студио“, тоа беше во Скопје, се сеќавам тогаш бев да ја снимам таа емисија која се емитуваше, нормално на сите канали низ целата Југославија.

Тоа беше емисија за народна музика, се сеќавам дека тогаш ја запознав Вера Ивковиќ бидејќи бевме на некое брдо кое се вика Водно во Скопје каде беше хотелот и каде бевме сместени тука.

Не пропушташе посета, а да не се да се пофали колку го владее македонскиот јазик. Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ во Македонија ги помина и војничките денови.

Во 2015 година, како и на секој од неговите концерти во Македонија, Шаулиќ не ја пропушти можноста на македонската публика да ѝ се обрати на јазикот кој што го научил додека служел војска.

-Војската не секому му буди убави спомени, но за мене тоа е веројатно е еден од најубавите периоди во животот. Со Македонија ме врзуваат многу убави спомени и секое доаѓање долу е како враќање дома. Знам дека не зборувам македонски најдобро, но се трудам. Вашиот јазик е многу убав. За песните воопшто и не станува збор, рече тогаш пејачот.

Шабан Шаулиќ е роден на 6 септември 1951 во Шабац, Југославија. Во текот на неговата богата кариера од медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“.

Првиот албум на Шабан Шаулиќ излезе во 1969 година, кога имал само 18 години, отприлика тогаш служел воен рок во Југословенската народна армија во Битола.

До 1976 г., авторот на неговите песни бил Буца Јовановиќ, а од таа година сите свои песни ги пишувал лично.[4] Неговата жена се вика Гордана за која тој има напишано и издадено хит-песна во албумот Кафанска ноћ (1985) наречена „Гордана“. Песните „Дојди да остариме заедно“ и „И два галеба бела“ се сметаа за најдобри некогаш отпеани народни песни.

Освен овие песни, големи хитови на Шабан Шаулиќ беа и „Увенуче нарцис бели“, „Сине“, „Данима те чекам“, „Снежана“, „Одлазиш, одлазиш“, „Позн’о бих те меѓ хиљаду жена“ и други.

Првата сингл плоча „Дајте ми утјеху“ ја сними во 1969 година за ПГП-РТБ. Оттогаш сними 22 сингл плочи и повеќе од 30 албуми. Шаулиќ е еден од најпродаваните пејачи во СФРЈ. Тој исто така има снимано песни на македонски, како римејкот на класичната „Зајди, зајди“.

Со својата сопруга Гордана има три деца — Санела, Илдуза и Михајло. Илда е исто така пејачка на новокомпонирана народна музика.

Кума на Шабан Шаулиќ е познатата пејачка Зорица Брунцлиќ.