Карлеуша: Анастасија Ражнатовиќ е мутирана прегазена мачка без харизма!

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Карлеуша брутално ја прозва Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Цеца и на нарече „мутирана прегазена мачка“.

Имено, Карлеуша на Инстаграм го „потфати“ бизнисменот Драгослав Илиќ кој дојде во Србија за да го прослави роденденот, а веднаш на ист начин и возврати Аца Лукас, кој присустувал на прославата, секако на „Инстаграм“.

Ова ЈК многу ја налути, па му порача на Лукас да се собере и да и се извини, а потоа „удри“ по ќерката на Цеца која ја навреди.

„Од каде ти е таа идеја друже да ми се обраќаш преку „Инстаграм“? Го имаш мојот телефонски број, јави ми се ако нешто те здоболело, или мораше јавно да докажеш лојалност за неколку литри нафта од Венецуела? Кој тебе те закача? Да ти ја е*ам таа твоја карактерна црта која го напаѓаш единствениот пријател кој го имаш. Наркодилерите и тие ку*ви не ти се пријатели. Тие никогаш нема да ти ја кажат вистината во лице како јас.“

„Тие те удираат по рамо, а зад грб за тебе зборуваат се најлошо додека ти точиш нафта во резервоарот. Но, тоа е твој избор. Види, јас не сум другарка ти сељанка Реџепова, па да не знам да ти одговорам, мене мозокот и без нафта ми работи 300 на саат. Како и секогаш го очекувам твоето извинување и вакво нешто никогаш да не ти падне на памет! А и гледам дека ова лошото оперирано мало на Аркан остава среќни коментари. Што може кога е смотана со харизма на прегазена мачка, од татко уб*ец и мајка во затвор не ни можела подобро да научи. П.С. Собери се Ацо, ова сега сериозно ти го кажувам“, напишала Карлеуша.