Карлеуша и Душко се огласија после скандалот со Сораја и со еден потег ја открија вистината

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се огласија на своите профили на социјалните мрежи, по избивањето на скандалот со обелоденување на тајната врска меѓу фудбалерот и старлетата Сораја Вучелиќ. Сопружниците поставија иста фотографија на нивните профили.

Имено, Јелена на Инстаграм стави фотографија од своите деца, каде јасно се гледа дека Ника и Атина се насмеани и среќни.

Неколку часа подоцна, истото го направи и фудбалерот, со што недвосмилено се сложи со својата сопруга.

Најновиот скандал кој се однесува на бракот Карлеуша-Тошиќ е аферата на сопругот на Јелена со Сораја, која се случувала минатата година. Фудбалерот одлепил поради старлетата па покрај скапоцените подароци ја третирал како принцеза.

Кога се вонбрачните активности во прашање, Карлеуша повлече нога, кога на почетокот на годинава исплива на површина нејзината врска со Огњен Врањеш.

слика

Инаку српските медиуми пред некоја недела објавувија дека познатата старлета Сораја Вучелиќ, добила понуда за брак и дека ќе се омажи за богат Русин по име Владимир. Како што пренесува „Информер“, станува збор за син на руски тајкун, но Сораја не сака да изнесува во јавноста детали за својот вереник.

Не сакам да го коментирам својот приватен живот. Се надевам дека никогаш нема да дознаете кој ми е момче. Вистината е дека се заљубив во најубавиот дечко на светот. Освен убавината, поседува и други квалитети на кои што дефинитивно паднав. Не паметам кога сум била посреќна, изјави тогаш старлетата.

Како што пишува магазинот, врската на Сораја и на Владимир започнала пред околу три месеци, а Русинот на нејзината рака ставил прстен вреден околу 150 илјади евра.