Карлеуша ќе заработи милион евра од скандалот

ИЗВОРСкопје24
|

Српските медиуми пишуваат дека српската турбофолк пејачка Јелена Карлеуша по скандалот ја зголемила цената за настапите. Така вчеравечер во клуб во Виена настапила за 20 000 евра, а претходно добивала по 12 000.

Таа ќе настапи и во Амстердам викендов, така што за само два дена ќе заработи 40.000 евра, зашто сите сакаат да ја видат.

Според медиумите, до крајот на годината би можела да заработи и до милион и пол евра.

Таа објави и нов албум, кој на музичките платформи има милионски преглед за само неколку дена. Карлеуша профитираше и на Инстаграм, каде сега ја следат два милиона фанови.

И додека Јелена се посвети на кариерата, новата песна, настапите, нејзиниот сопруг од време на време објавува по некое „стори“ на својот Инстаграм профил и покажува во каков луксуз живее, но и ужива додека е на одмор.

Тој во моментов ужива во Дубаи, а фотографијата открива дека се наоѓа во луксузен апартман и ги користи сите привилегии во овие тешки моменти во неговиот брак.