Карлеуша побара помош од Александар Вучиќ „Запрете го ова лудило“

ИЗВОРСкопје24
|

Српската пејачка Јелена Карлеуша и фудбалерот Огнен Врањеш овие неколку денови се вистинска топ тема низ целиот регион.

По скандалот со експлицитните фотографии кој ги објавија двајцата меѓусебно, пејачката веќе не можеше да издржи, па за крај и се огласи на јавноста и побара помош од нивниот претседател Александар Вучиќ.

-Господине Вучиќ дали може јавно да ве замолам да ми помогнете и да го запрете ова лудило и неправда во медиумите? Ако не поради мене, барем поради моите деца, сопруг, болна мајка… Ве молам. Отиде предалеку, напиша Карлеуша.


Инаку претходно таа објави порака со која ги загрижи своите фанови.

-Сега да докажувам дека пораките кои се објавени не се мои, дека интимните делови од телото не се мои…дека жената на фотографијата на стомакот нема три царски реза и бемка како јас…нема поента. Нека гледа Србија! Немоќна сум. Крај.