Карлеуша подготвува изненадување: Поранешните лути противнички снимаат дует

ИЗВОРСкопје24
|

Дара Бубамара проговори за приватниот живот и поддршката која ја има од својот поранешен сопруг.

Остварена жена сум, имам прекрасен син, прекрасно семејство кое ме поддржува. И семејството на Милан ме сака. Сите ме сакаат. Не можам да се одбранам од додворувачи- рекла Дара.

Дара не мирува и на работно поле. Има нови настапи, но и нови песни, а на големо работи на дуетот со Јелена Карлеуша.

Снимам дует со Јелена, подготвуваме песна, баш онака се запаливме да направиме мега хит, ќе биде тоа летна песна, во филм сме тоа да биде некое лудило, бидејќи навистина се сакаме, почитуваме и поддржуваме во добро и зло- рекла Бубамара.

Сега се чини дека Јелена Карлеуша брзо го заборави скандалот со фудбалерот Огнен Врањеш. Како што пишуваат срспките медиуми, пејачката има нов љубовник.

Овој пат не се работи за фудбалер туку за бизнисмен кој живее во Германија. Јелена се почесто настапува токму во Германија и секој слободен момент го користи за да се види со новата љубов.

Бизнисменот живее во Берлин и е оженет но тоа не му пречи да биде во врска со една од најконтроверзните пејачки на Балканот.

На последниот настап во Дизелдорф, бизнисменот бил во дискотеката во која Јелена пееше, а по настапот заминала кај него дома.

Карлеуша пред неколку недели јавно се огласи по повод скандалот кој е топ тема во регионов веќе речиси два месеци и по тој повод најави правна битка против медиумите кои според неа, ширеа лага за нега и нејзиното семејство.

Во видеото, во кое се гледа како таа седи на маса полна со документи, пејачката изјави:

„Ова е прв и последен пат да се огласувам по овој повод. Се што е досега објавено од страна на медиумите, како моја изјава, изјава на мојот сопруг или член на моето семејство, се апсолутна лага и измислица. Пред мене стојат потпишани правни полномоштва за 120 српски медиуми поради страшна нечовечка медиска антикампања и линч. Удрија на моето име, достоинство, моето семејство, на моите деца, маж, татко, мајка“, и додаде дека ќе го тужи и Огњен Врањеш, бидејќи е соучесник во аферата, ширејќи лаги.

Јелена исто така вели дека сите добиени пари во судскиот спор ќе ги донира.

-Сите пари кои ќе ги добијам од тужбите, покрај парите кои мојот сопруг и јас веќе со години ги даваме во хуманитарни цели, како што е добро познато, јавно ќе ги подарам на најзагрозените групи во Србија.

Видеото погледнете го ТУКА.