Карлеуша лута дека ја замениле ги нападна Ѕвездите на Гранд – Цеца и ја покажа статистиката

ИЗВОРНов Лист
|

Во саботата се одржа големото финале на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а после тоа се огласи поп ѕвездата Јелена Карлеуша.

Познато е дека Цеца Ражнатовиќ стана член на ова шоу откако Јелена, со која со години не е во добри односи, го напушти Гранд.

По завршувањето на оваа сезона од натпреварувањето се огласи и Карлеуша, која на Инстаграм напиша дека Ражнатовиќ ги „закопа“ ѕвездите на Гранд.

– За мене е шокантно што не сум видела буквално ниту една приказна, ниту еден твит или мим посветен на финалето на ЅГ. Факт е дека Цеца со своето учество ги закопа ѕвездите на Пинк, но бев сигурна дека Ѕвездите на Гранд е посилен бренд и дека ќе опстане… Некој едноставно не е за ова шоу. Ужас и сожалување. Каков спектакл беше порано… Луѓето се собираа во сабота пред ТВ екраните да гледаат, сега никој не ни знаеше за финалето – напиша Јелена на Инстаграм:

– Ѕвездите на Гранд имаа финале, колку твитови видов за тоа: 1 – додаде Карлеуша.

– Цеца единствено што направи е да ја подигне гледаноста – гласеше еден од коментарите под споменатиот твит.

Но, по финалето, Цеца Ражнатовиќ се огласи и на својот Инстаграм профил каде ја објави официјалната статистика за гледаност на овогодинешното финале на шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

– Најгледаното финале во последните 10 години – напиша Цеца.