Пејачката Јелена Карелуша од секогаш беше многу блиска а и често зборува во јавноста за нејзината мајка Дивна и колку нејзината поддршка и значеше во животот. На сите јавни настапи се појавуваше со Дивна, но ретко го спомнува нејзиниот татко Драган Карлеуша.
Деновиве за промена, на нејзиниот профил сподели фотографија каде таа позира со татко и, а за истата доби многу коменатри и лајкови.
Таа и како член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“ ги изненади сите кога откри помалку познати детали од биографијата на нејзиниот татко.
Имено, еден натпреварувач ја испеа песната „Лола“која ја потсети пејачката на нејзиниот татко Драган.
– Не знам дали знаете, но татко ми свиреше тапани со групата „Про арте“ на песната „Лола“ и тоа беше многу пред неговата полициска кариера – рече Јелена, која очигледно ја наследи музикалноста од нејзиниот татко. Патем, групата „Про арте“ е основана во 1967 година.
За потсетување, Дивна, која своевремено важеше за една од најубавите жени од Белград, на возраст од 19 години се омажи за Драган Карлеуша, кој во тоа време беше тапанар. Дивна и Драган се разведоа кога Јелена била уште мала, но тие живееја заедно уште неколку години. По разводот, Драган има два сина од својот втор брак. Дивна секогаш имаше пофални зборови за својот поранешен сопруг затоа што никогаш не ја заборавила љубовта што ја чувствувала на почетокот. Полубраќата на Јелена, Иван и Никола се појавија во јавноста за прв пат кога пејачката славеше 10 години брак со Душко Тошиќ.