Карлеуша откри зошто Кање ја заследил

ИЗВОРНов Лист
|

Медиумите со денови зборуваат за тоа дека Јелена Карлеуша на Инстаграм ја следи и американскиот рапер Канје Вест.

Откако тој и Ким Кардашијан ставија точка на бракот, сите шпекулираа дека нешто ќе се случи меѓу Јелена и Канје.

Карлеуша реши да открие како дошло до тоа што таа и Канје се следеле на социјалната мрежа.

Само се пишуваше во медиумите и на социјалните мрежи, па немам ништо добиено од фактот дека ме заследил“, изјави Јелена Карлеуша и вели дека се допишувале:

„Па, многу ме прашувате. Сакав да кажам дека не ни знам кој е Канје Вест, но тоа би било навистина глупаво и бесмислено. Тој не ми пиша. Немаме контакт. Не знам зошто ме заследил, ништо нема да се случи надвор од тоа следење. Затоа заборавете на него“.

Карлеуша вели дека не ни знаела дека Канје Вест е толку популарен во Србија.

„Морам да кажам дека очигледно е една голема светска ѕвезда штом еден глупав следбеник направи таков хаос. Се сликав во неговите патики поради предниот дел и поради возбудата, никогаш не сонував дека луѓето се толку заинтересирани за него. Искрено мислам дека тој ме заследи сосема случајно“, рече Карелуша.