Карлеуша по 20 годишната забрана, повторно во емисија на РТС – Се огласи и менаџерот

ИЗВОРНов Лист
|

Поп-пејачката Јелена Карлеуша конечно гостуваше во Радио телевизија на Србија. Веќе 20 години за неа ништо не можеше да се слушне и да се види, а работите конечно се сменија.

Имено, по налог на тогашниот генерален директор Александар Тијаниќ, пејачката доби забрана за настап на РТС, која пред неколку години беше укината . Сепак, Јелена до вчера немаше згазнато на РТС.

Таа овој пат гостуваше на емисијата „Око магазин“, а нејзиниот менаџер Зоран Бирташевиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија од студиото.

Јелена зборуваше на тема музика и спорт, а оваа информација ја потврди и Зоран.

„Вистина е дека Јелена гостуваше во емисијата на РТС што ќе се емитува во четврток. Таа одамна не е на РТС, а сега тоа ќе биде добра и убава соработка “, објасни тој.

Да потсетиме, Јелена во мај 2000 година изјави дека е „персона нон грата“ на РТС, а на прашањето кога последен пат се појавила на оваа телевизија, таа рече:

„Пред 150 години! Тијаниќ имаше проблем со моите гради“, вели пејачката.