Каролина Гочева по неколку години повторно се сретна со колешките од регионот, а овој пат со прекрасен повод

|

Македонското девојче Каролина Гочева во 2010 година како дел од кампањата  „Го почнувам животот од почеток“  заедно со своите колешки Нина Бадриќ, Александра Радовиќ, Маја  Сар ја отпејаа песната „Мој  је живот моја песна“.

Oваа песна стана хит и химна на многумина жени кои се заболени од рак.  Меѓутоа, по 9 години едни од најдобрите пејачки во регионот повторно се сретнаа, а за тоа имаа убаво повод.

Имено, пејачките беа дел од еден хуминитарен настан кој беше во организација на една болница во Белград, а по тој повод тие повторно се собраа и го отпејаа големиот хит.

Тие повторно се собраа да ја отпејаат песната „Мој је живот моја песна“, а Бадриќ објави заедничка фотографија на социјалните мрежи:

ФОТО: ПРИНТКСРИН/ИНСТАГРАМ/БАДРИЌ

„Повторно заедно….Многу ви благодарам што не поканивте во оваа прекрасна хуманитарна приказна. Ви благодарам на се што правите за жените болни од рак на дојка. Им благодарам и на прекрасните жени“ напиша Бадриќ во описот на фотографијата.

На оваа хуманитарна забава присуствуваше и Тијана Дапчевиќ  која не остана должна, па овој момент го забележа со кратко видео на социјалните мрежи.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ТИЈАНАДАПЧЕВИЌ

Инаку, ова не е првпат како пејачките заедно се собираат и пејаат, тоа  го направија и  пред неколку години како дел од тогашната кампања.