Катар доби метро како од бајките: Се блеска од луксуз, погледнете го ова архитектонско чудо

ИЗВОРСкопје24
|

Катар ја добил својата прва метро линија, три и пол години пред Светското фудбалско првенство во 2022-ра година.

“Не верував дека во својот живот ќе видам метро во Доха”, рекол еден пензиониран работник во воздухопловната индустрија и истакнал дека сите се многу горди.

Како и бројни други корисници на метрото, и тој го снимал возењето, правел селфи од возот и секако ја зачувал картата како спомен од тој историски момент.

Црвената линија ги поврзува стадионите Ал-Вакраг и Лусаил, каде ќе се играат натпревари од Светското првенство во 2022-ра. Втората линија е долга 40 километри и го поврзува меѓународниот аеродром Хамад со центарот на Доха, но таа линија се уште не е во функција.

Целата мрежа на подземната железничка ќе биде отворена во 2020-та и ќе има три линии, црвена, зелена и златна, со 37 станици.

Жителите на Доха се навикнале на автомобили и на чести сообраќајни застои во својот град, па се верува дека граѓаните со задоволство ќе го користат метрото како превозно средство.