На прашањето на новинарот кое гласи: “Твојот поранешен дечко Огњен Врањеш те пофали дека си вистинска лавица и најдобрата личност што ја познава. Дали тоа те импонира?”, Катарина одговорила:
-Му се заблагодарувам на убавите зборови кои ги кажал за мене. Тоа само покажува дека вредите колку што ве фалат другите усни.
Кога станува збор за новата врска, Грујиќ одговорила со насмевска:
-Морам да признаам дека сум многу задоволна. Имам покрај себе некој кој ме прави многу среќна, на кој му е битна мојата насмевка на лицето. Затоа не ја експонирам мојата врска, околу среќата се молчи. Сега брзо прочитав дека прашањата од типот “кога се мажиш, кога ќе родиш деца, кога ќе го направиш ова, кога ќе го направиш она” станаа прашања од општа култура. Епа, мојот одговор е не знам.
Инаку, Огњен стана популарен во јавноста во последниве неколку месеци со аферата со Јелена Карлеуша и токму поради тоа поранешните љубовници веќе и се судат.
Фудбалерот на Андерлехт смета дека неговата некогашна драга со која тајно се гледал две години, добила што барала. Тоа за српски „Курир“ го потврдил близок пријател на спортистот од Босна, кој му соопштил дека Јелена се разведува.