Катарина Ивановска и Перо Антиќ заедно на романтичен одмор во Турција (фото)

|

Откако во медиумите се појавија информации дека манекенката и претседателот на Македонската кошаркарска федерација се во врска, им им требаше повеќе време за делумно да потврдат дека се заедно, па постојано имаа доза на резерва во одговорите. И токму кога можеби некои помислија дека дошол крајот на нивната романса бидејќи воопшто не ја покажаа јавно својата љубов, тие открија дека се заедно на одмор во Будрум.

Сепак, ниту таа, а ниту тој не објавија заедничка фотографија, но ставија јасно до знаење дека се заедно во Турција, Перо ги споделуваше нејзините фотографии оттаму на Инстаграм, а и Катарина неговите со означени имиња – сосема доволно да потврдат дека заедно поминуваат еден романтичен одмор на море.