Катарина Ивановска има одлична причина за прослава – Синчето Вања слави втор роденден (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот модел со светска кариера, Катарина Ивановска денеска има голема причина за славење. Нејзиниот син Вања, полни две години.

Катарина на својот Инстаграм профил објави фотографија од синот на плажа. Таа и сопругот решија вториот роденден на Вања да го прослават во Палма Де Мајорка, Шпанија.

Катарина неодамна се врати од Тел авив, Израел каде што во женско друштво замина како поддршка на нашата евровизиска претставничка, нејзината блиска другарка Тамара Тодевска.

Деновиве во домашните медиуми се појави информација дека атрактивната македонска убавица со интернационална модна кариера, Катарина Ивановска е бремена со второ.

Ваквите објави започнаа откако таа го откажа учеството на неодамна одржаниот Скопскиот маратон, каде трча секоја година.

Сепак, Катарина не се огласи да ги потврди или демантира наводите, се до сега кога на некој начин ги подгреа гласините дека можеби навистина се вистинити.

Меѓу нејзините куси Инсатграм приказни, манекенката објави фотографија со трудничкиот стомак кога беше бремена со Вања во 2017 година, а истата ја објавил и нејзиниот пријател Зоки Бејбе.

Во Израел времето го искористи да се искапи во Мртво Море и да го калоса своето прекрасно тело.

Разголена во бикини костим, стомачето на Катарина како да наѕира. Да не се ширеа шпекулациите во јавноста, можеби ќе речевме дека е само оптичка илузија предизвикана од калта, но останува да видиме што таа ќе изјави овојпат.

Ако овие сигнали се поврзани со бременост, катарина очигледно во првите месеци нема мака како повеќето жени.

Вака или она, во секој случај гласини или вистина, бременоста сигурно е нешто најубаво во животот на една жена.