Катица Јанева не е во Скопје, туку веќе една недела е на боледување во родната Гевгелија, прима медикаменти и ѝ е препорачан одмор, дознава „Слободен печат“.
Докторката која ѝ го напишала боледувањето тоа го сторила на 15 овој месец, односно минатиот понеделник, а ден подоцна Јанева писмено ги известила наделжните служби во обвинителството дека е на боледување. Безмалку два дена по отворањето на боледувањето докторката, која го отворила боледувањето, заминала на одмор во Бугарија, пишува „Слободен печат“.
Ако Јанева не дојде на работа, вработените во СЈО нема да земат плата?!
Обвинителите, истражителите, како и техничкиот кадар во специјалното јавно обвинителство стравуваат дека нема да ја земат платата за изминатиот месец, бидејќи налогот треба да го потпише шефицата во оставка, Катица Јанева, дознава „Скопје1.мк“.
Работата на ова обвинителство, чиј мандат завршува во септември е стопирана, бидејќи сите акти ги потпишува Катица Јанева, која зеде боледување и веќе една недела не се појавува на работа.
Јанева е отсутна од понеделникот, кога даде оставка од функцијата, односно по апсењето на Боки 13 и Зоки Кичеец. За кратко време, Обвинителството за организиран криминал обзнани дека во случајот „Рекет“ е вмешната и обвинителката Јанева, бидејќи двајцата осомничени преку можно влијание врз неа, рекетирале бизнисмени.