Откако беше однесена во просториите на СЈО за да бидат одземени потребните докази за истрагата, Катица Јанева е вратена во својот дом.
Полицијата ја однесе специјалната јавна обвинителка, заедно со нив, на нов претрес во куќата во скопско Козле.
Голем број на медиумски екипи чекаат да видат каде од домот ќе биде упатена Јанева, во полициска станица или директно во Кривичниот суд.
Јавното обвинителство претходно инаку побара 30- дневен притвор за специјалната јавна обвинителска Катица Јанева.
Ова го истакна јавниот обвинител, Љубомир Јовески, прес-конференцијата за случајот „Рекет“ на која присуствуваа и првиот заменик на републичкиот јавен обвинител, Лилјана Спасоска и основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.
Според информации на Алсат, покрај специјалната обвинителка Катица јанева, денеска се приведени и двајца политичари поврзани со случајот „Рекет“. Засега нивните имиња не се откриваат.