Кавги или убав почекот на годината: Неделен хороскоп (31.12-06.01.2019)

ИЗВОРСкопје24
|

На први јануари 2019 планетата Марс ќе го напушти знакот на Риби и ќе влезе во Овен – доаѓа наплив на енергија за сите огнени знаци, а стрес за Ракчињата, Вагите и Јарците. Водните знаци ќе имаат жешка Нова година! Прочитајте што ви подготвија ѕвездите за периодот од 31ви декември до 6ти јануари.

Овен – Супер почеток на годината

Драги Овни, подготвени сте за прекрасен почеток на новата година? Почнувајќи од вторник, планетата Марс ќе влезе во вашиот знак. Станува збор за многу важна планета за вас, која ќе ви подари многу сила и енергија со кои ќе можете лесно да реализирате секаков проект на почетокот на годината. Среда и четврток ќе бидат два многу среќни дена, додека во сабота и недела може да се сличу нешто неочекувано.

Бик – Останете прибрани

Драги Бикчиња, за вас нема да биде оваа посебна Нова година. Токму на 31-ви може да се соочите со нервози и проблемчиња на сентиментален план. И Венера и Месечината ќе бидат во опозиција создавајќи ви лоша комуникација со партнерот. Внимавајте на кавги, останете прибрани! Дискусиите одложете ги за помирните денови какви што се сабота и недела.

Близнаци – Со лесно…

Почнувајќи од првиот ден на новата година ќе почнете да се чувствувате полесно. Сето тоа ќе се должи на добриот Меркур кој ќе застане на ваша страна и ќе ви ги олесни комуникациите со околината. Стресот наеднаш ќе исчезне на работното место. И Марс е на ваша страна па ќе почувствувате наплив на енергија. Внимавајте само на деновите четврток и петок, кога Месечината е неповолна и може да ви создаде лошо расположение.\

Рак – Нова година со многу страст!

За жал, драги Ракчиња, новата година за вас ќе започне со неповолен Марс, па ќе се чувствувате исцрпени и без енергија. Но, Венера е на ваша страна. Заедно со Месечината ќе ви донесат незаборавна новогодишна ноќ во која може и да се вљубите! Во секој случај, ова ќе биде почеток на годината со многу емоции и страст. Внимавајте само на викендот кој може да биде прилично нервозен.

Лав – Полни со енергија!

Новата година за вас ќе започне со убав премин на Марс во Овен, поволен за вашиот знак – во следните недели нема да ви недостигаат сила и енергија! Но, за жал, на 31-ви декември и 1-ви јануари, може да се случат недоразбирања и кавги со партнерот, зашто и Венера и Месечината ќе бидат во неповолна позиција. Подобро одложете ја дискусијата за среда и четврток кои се среќни денови.

Девица – Во прегратка на партнерот

Драги Девици, конечно со новата година ќе ви се врати насмевката. Почнувајќи од 1ви јануари, Марс нема да биде веќе неповолен, и ќе ви овозможи да си ја вратите енергијата и да се ослободите од стресот кој го чувствувавте во последниот период. Поволната Венера ќе ви подари многу љубов, заедно со убавата Месечина – па така, пред вас е новогодишна ноќ полна со романтика и убави емоции. Среќни се и сабота и недела!

Вага – Марс во опозиција…

Драги Вагички за жал оваа недела – почнувајќи од вторник – планетата Марс ќе биде во опозиција на вашиот знак. Ризикот од оваа позиција е да почнете да се чувствувате заморни и без енергија. За среќа, Меркур ќе биде со вас за да ви го подигне моралот – во четврток и петок може да очекувате прекрасна вест и можност за супер забава! Нервозни пак ќе бидат деновите сабота и недела.

Шкорпија – Пикантна Нова година

Пред Шкорпиите е една неверојатна новогодишна прослава! И Венера и Месечината ќе бидат на ваша страна почнувајќи од 31-ви декември – се што сакате на љубовен план ќе ви се исполни, а самата новогодишна вечер и денот по неа ќе бидат многу пикантни и жешки! Романтични денови се и сабота и недела, кога навистина ќе бидете „бакнати“ од среќата. Осамените, кои немаат партнер, не треба да се затвораат дома – надвор ги чекаат бројни нови средби и лица кои може да бидат судбински!

Стрелец- Каков почеток!

Одлични вести за вашиот знак – новата година ќе започне со премин на Марс во Овен, кој ќе ви донесе многу енергија и супер расположение! Меркур пак, ќе биде во конјукција, и ќе направи да бидете кралеви на новогодишната забава, со богат социјален живот и многу забава! Среда, четврток и петок, Месечината ќе застане на ваша страна, па ќе бидат три дена многу среќни, во кои се е можно да се случи!

Јарец – Пикантна Нова година

Драги Јарци, подготвени сте да ја завршите годината и да започнете нова во знакот на љубовта? И Венера и Месечината ќе бидат на ваша страна, почнувајќи од 31-ви декември, подготвени да ви подарат многу страст и силни емоции. Сабота и недела пак, ќе ја имате Месечината во конјукција со вашиот знак, што значи дека следува романтичен викенд. Единствена слаба точка е Марс, кој со новата година ќе стане неповолен, па можно е да се чувствувате заморни…

Водолија – Кавги за новогодишната ноќ

Драги Водолии, почнувајќи од понеделник па се до среда, внимавајте на недоразбирања и кавги со партнерот. Не дозволувајте новогодишната ноќ да ви биде стресна! За среќа, почнувајќи од 1ви јануари, Марс ќе застане на ваша страна па ќе почувствувате подобрено расположение. Најсреќни денови во неделата се четврток и петок, искористете ги за убави разговори и споделување на емоции.

Риби – Колку многу емоции!

Подготвени сте за една прекрасна новогодишна ноќ? Венера е на ваша страна, а со вас е и убавата Месечина кои ќе ви донесат многу, многу емоции и љубов! Единствено Меркур ќе биде неповолен, па може да создаде недоразбирање со членови од семејството, особено во деновите среда, четврток и петок. Но не грижете се, новата година за вас ќе започне на најдобар можен начин кога се работи за љубовта, па уживајте во романтичните денови пред вас!