Доколку ја скршите наплатната рампа на патарина ќе платите и глоба во износ од 500 евра. Доказ против вас ќе бидат снимките од камерите на патарините.
На барање на руралните средини со измените на Законот се овозможува заштитниот појас покрај регионалните и магистралните патишта да не биде помалку од пет метри, наместо досегашните 20. Со оваа одредба, ќе се овозможи да се легализираат определен број објекти и да се урбанизираат определени подрачја.
Попрецизно се регулира и одобрувањето и поставувањето натписи, реклами, табли и инсталации во заштитниот појас на државните патишта, како и заштитни огради и столбчиња на патиштата во општините и Град Скопје.
Колку месеци пред да ви истече пасошот може да патувате во странство
Сезоната на летни одмори е веќе започната, па доколку патувате во странство неопходно е два пати да ја проверите датата за истекување на пасошот.
Причината за тоа е што во земјите на ЕУ, различно се пресметува важноста на пасошот, бидејќи во спротивно може да бидете вратени назад од граница. Во ЕУ земјите може да патувате ако до истекот на пасошот останале уште три месеци, но не од датумот на патување, туку датумот на враќање во земјата.
Што се однесува до земји кои се надвор од ЕУ зоната, патната исправа треба да важи најмалку 150 дена, односно 6 месеци од денот на одење во Тунис и Египет. Не заборавајте – детските пасоши имаат пократок рок на траење.