Казна од 300 евра ако ве затекнат со ова на вашето возило

ИЗВОРСкопје24
|

На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии. Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од 30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни.

Со цел почитување на законските одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата посебно на членот 360 од овој закон, СВР Охрид започна со реализација на акциски контроли со цел елиминирање на ваквите состојби кои можат сериозно да ја загрозат безбедноста во сообраќајот.

Со оглед дека на стаклата на возилата несмеат да се поставуваат огледални фолии, СВР Охрид преку полициската станица за безбедност во сообраќајот, ќе постави подвижни мото-патролни служби составени од полициски службеници и стручно лице од станиците за технички преглед опремен со техничкото средество тинт-метар за мерење на пропустливоста на светлина, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

При констатирани прекршувања на одредбите од членот 360 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, ќе биде изречен прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност.

Казна ако возите без да поседувате одредена опрема

Aко сте љубители на возење на велосипед или едноставно ако сакате да се рекреирате на тој начин, морате да поседувате одредена опрема, пред се за ваша безбедност. Во спротивно, можете да добиете казна.

Опрема за велосипед и велосипед со помошен мотор

– Светло за осветлување на патот и обележување на возилото

Едно светло за осветлување на патот на велосипеди и на велосипеди со помошен мотор треба да биде поставено и прицврстено на предната страна на возилото. Светлината што ја дава светлото од став 1 на овој член треба да биде во бела боја, а оддалеченоста на светлечката површина на тоа светло од површината на патот не треба да биде помала од 40 cm ниту поголема од 120 cm.

Едно задно позиционо светло во црвена боја на велосипедите и на велосипедите со помошен мотор треба да биде поставено и прицврстено на задната страна на возилото. Оддалеченоста на светлечката површина на светлото од став 3 на овој член по површината на патот не треба да биде помала од 25 cm ниту поголема од 90 cm. Светлото може да биде поставено со катадиоптер.

– Катадиоптери на велосипеди и велосипеди со помошен мотор

Еден катадиоптер во црвена боја на велосипедите и на велосипедите со помошен мотор треба да биде вграден и поставен на задната страна на возилото, а по еден катадиоптер во жолта или портокалова боја – на секоја страна на педалот (од предната и задната страна). Оддалеченоста на рефлектирачката површина на катадиопетерот со црвена боја на задната страна на возилото од површината на патот не треба да биде помала од 25 cm ниту поголема од 90 cm.

Рефлектирачката површина на катадиоптерот во црвена боја на задната страна на возилото треба да биде најмалку осум cm. На бочните страни на предното и задното тркало на велосипедот и велосипедот со помошен мотор треба да има рефлектирачки тела што рефлектираат светлина во бела или жолта боја.

– Сопирачки на велосипед и велосипед со помошен мотор

Сопирачките на велосипеди и велосипеди со помошен мотор треба да бидат вградени и поставени за секое тркало, и тоа најмалку по една сопирачка така што да се меѓусебно независни, со тоа што сопирачката на предното тркало треба да биде рачна.

– Механичко или електрично ѕвонче

Механичкото или електричното ѕвонче на велосипедите и велосипедите со помошен мотор служи за давање звучни знаци и треба да биде вградено така за да дава едноличен звук со непроменлив интензитет.

Друга опрема за велосипеди и велосипеди со помошен мотор

Друга опрема за велосипеди и велосипеди со помошен мотор со која се опремени овие возила е: брзиномер; циклокомпјутер и пулсметар; носач или ногарки за потпирање; пумпа, алат и прибор; калници; бидони и држач за бидони; багажник; кошница; клучалка, сајла со катинар; торбичка за ставање на резервен алат и седиште за деца.