Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

|

Со глоба во износ од 50 евра казнето е физичко лице за сторен прекршок – испуштање отпадни води на јавна површина, во населеното место Бардовци.

– Инспекциските служби на Општина Карпош вчера го санкционираа ова лице кое беше забележано како фрла отпадни води од превозно средство, со што придонесува во загадување на животната средина, соопшти Општина Карпош.

Општина Карпош информира дека ги интензивира инспекциските контроли. Континуирано се врши надзор кај затворените депонии во Злокуќани, кај фудбалското игралиште, во Бардовци, долж реката Лепенец, по течението на реката Вардар и на други покритични, јавни површини.

– Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат правилата и правилно да го одлагаат отпадот. Општина Карпош спроведува и информативна кампања за правилно фрлање на комуналниот, џепниот, кабастиот, електричниот и електронскиот отпад. На овој линк граѓаните можат да се информираат: https://bit.ly/2RjmSN8, се вели во соопштението од Општина Карпош.