Казнет возачот кој со „бмв“ се возеше по Камени мост

|

Во петокот на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како автомобил „БМВ“ со гостиварски таблички се движи по Камениот мост во Скопје. По три дена потрага, полицијата соопшти дека го пронашла возачот и дека добил три казни за сторени сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи денеска ја информира јавноста дека вчера е лоциран и санкциониран И.А. (68) од с. Чегране, Гостивар, кој со своето „бмв“ во саботата се движел по Камениот мост во Скопје.

-Изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола, велат од МВР.