Казнети 597 лица за неносење маска и санкционирани 103 возачи

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 597 прекршоци, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување моменталната ситуација.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на општина Илинден изречени се вкупно 103 мерки, меѓу кои 18 за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.