Ако сакате да правите домашни ќофтиња или плескавици, тогаш има мал трик како да имаат подобар вкус.
Ставете малку во смесата и димена сланина.Вака вкусот ќе е совршен.
Одлично знаеме дека со вкусни плескавици одлична комбинација се добро приготвени компири, прочитајте рецепт кој веруваме дека уште утре ќе го направите.
Вкусен ручек за целото семејство..
СОСТОЈКИ: 1,5 кг компири 1/2 л павлака за готвење 2 дл млеко 1 дл масло 1 кесичка супа од печурки од кесичка бибер сув зачин магдонос кашкавал по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Излупете ги компирите и исечкајте ги на кругови. Зачинете со бибер и сув зачин, па добро измешајте. Разматете супа од печурки во павлака, така што нема да има грутки, додајте млеко и масло и на крај сечкан магдонос. Наредете ги компирите во тепсија, ставете прелив и печете во рерна на 200 степени околу 40 минути. Посипете со рендан кашкавал па вратете на десетина минути во рерна да се запече.
Добар апетит!