Социјалните мрежи станаа местото каде постојано тој се присетува на моментите од минатото. Честопати со ретро фотографиии се присетува на едни убави времиња. Овој пат на својот профил објави фотографија од едно преслатко бебе и дали веќе погодувате кое е ова бебе?
Ова бебе за месец дена ќе наполни 56 години, вака некако почна животот, а како ќе заврши ќе прочитате на порталите, не наскоро… Со ваков опис на фотографијата се јави токму шоуменот Игор Џамбазов.
Меѓу останатите постови каде што ретро фотографиите се неизоставен дел од неговото секојдневие како најзабележани останаа летните одмори на Игор со своето семејство.
Човекот кој е заслужен за Македонија да има ваква легенда, како што е Игор, неговата сестра и момчето Игор, фотографија направена на плажа во Охрид.
Најомилените луѓе во неговиот живот, мајката Анче и таткото Александар.
Меѓу ретро фотографиите се издвојуваат и оние фотографирани пред извесен период, на фотографијата е Игор со својата сестра, фотографирани во Стар Дојран.
Убаво е кога имаме фотографии да се присетиме на едни убави времиња, времиња кои веруваме дека за Игор биле времиња кои вечно ќе останат врежани во неговата меморија, но да не заборавиме да живееме и за оние кои допрва доаѓаат и на истите да им се радуваме.