Ако сакате да се ослободите од бигорот дома, особено на плочките и кадата, се што ви треба е оцет. Намирницата од 20 денари, уништува 82 посто од бактериите, а го вади и бигорот.
Ставете оцет во прскалка, прснете поголема количина на местото со бигор, па оставете да делува.
Најубаво е да го направите ова со отворен прозорец. Мирисот ќе го снема за неколку часа, кога ќе го снема и дејството на оцетот.
Ако ви смета мирисот додадете во оцетот и неколку капки етерично масло.
Ако пак сте во потрага по решение за вашиот проблем со мувлата – денес е вашиот среќен ден!
Ова е еден едноставен метод за кој ви се потребни само две состојки, а кој ќе ви помогне да ја отстраните опасната мувла и непријатната миризба од машината за перење, од аглите во бањата и било кое друго место каде таа се појавува.
Постапка:
Измешајте 2 лажички масло од чајно дрво со две чаши вода. Течноста складирајте ја во шише со распрскувач.
Потоа можете да ја користите оваа смеса и да ги испрскате сите зафатени области.
Оставете смесата да делува, а потоа избришете. Навистина функционира!
Влага и мувла во домот, се најголем кошмар на секое семејство, но постојат природни и лесни начини да се спасите од нив, еве уште неколку од нив:
Алкохолен оцет
Ставете во шишенце и попрскајте на зафатената област и оставете да отстои. За да не ви мириса оветот може да ставите и неколку капки етерично масло или лимон.
Сода бикарбона
Таа сама по себе е одлична за чистење, помешајте со вода или оцет и со крпа исчистете ја мувлата.
Семки од грејпфрут
Во 450 мл вода додадете 20 капки масло од семки од грејпфрут, промешајте и испрскате. Нека отстои, нема потреба од пребришување со крпа.