Овен
Месецов што измина беше прилично добар за вас! Во вашата кариера, личен живот, социјални кругови и романтични авантури, ќе функционирате во ваш претпознатлив стил. Не се плашете да работете на она за кое сте загрижени. Вие сте поблизу до целите отколку што мислите. Вашата енергија е жива и брза, па искористете ја!
Време е да инвестирате во себе и во вашата иднина – без разлика дали купувате стан или само одите на јога или на вашата омилена обука. Не обидувајте се премногу да им објасните на другите за она што го правите, само направете ги вистинските чекори и научете како да се почитувате.
Близнаци
Ова беше тежок месец за вас, но се доближува до крајот. Сега е време да се направат исправки, да се комуницира што е можно пошироко и да си простите и на себе и на другите.
Исто така, избегнувајте ги дволичните пријатели и оние кои не ве исполнуваат, вашите поранешни партнери, но исто така и сексуалните односи.
Стрелец
Не е чудно што овој месец беше предизвик за вас. Патувањето, комуникацијата, културата и новите врски може да се развијат, но ова е совршено време за да се завршат проектите и задачите и да се направат планови кои можат да бидат ефективни кога Меркур се враќа на својата позиција.
Рационализирајте го вашиот ентузијазам во енергија која постојано се надградува – без разлика дали преку организирање простор, земање амбициозен проект или трошење време со драги луѓе кои ве прават да се чувствувате добро.