Ќе има голема свадба во Србија: Цеца за ќерката подготвува спектакуларна прослава

|

Црковната венчавка и гала венчавката ќе се оддржат подоцна во Србија.

Бидејќи Немања и Анастасија не се во брак, а нивниот заеднички живот во Шпанија започна одамна, почнаа шпекулациите за нивната венчавка. Како што пренесуваат српските медиуми, младиот пар планира интимна свадбена церемонија во Шпанија, каде ќе бидат домаќини само на семејството и најблиските пријатели.

Церемонијата била планирана за јули годинава, бидејќи за локација ја избрале Севиља, каде што се уште живеат, а свечената свадбена прослава и црковната венчавка ќе следат дури следната година.

„Анастасија и Немања се пресреќни што ќе добијат ќерка. Тие веднаш им ја соопштиле убавата вест на своите семејства. Цеца плачела, а Вељко бил пресреќен што станал вујко. И семејството на Немања со нетрпение го очекува новото доаѓање. Мајката на Гудељ, Оливера, едвај чека да го добие првото внуче. Сите се воодушевени“, ја започнува приказната извор близок на парот.

„Таса сакаше да се породи во Шпанија за нејзината ќерка да добие државјанство“. Затоа ја покренала постапката за добивање постојан престој во таа земја. Но, таа процедура се уште не е завршена, па таа не може да дојде во Србија. Но, таа едвај чека да заврши за да дојде во Белград, бидејќи многу и недостига семејството“, додава изворот.


„Оваа година нема да имаат голема свадба, туку интимна церемонија, поради обврските на Гудељ во клубот од Севиља. Во јули во Шпанија ќе дојдат само членовите на семејството и најблиските, а Анастасија и Немања ќе се венчаат во општината за бебето да не се роди вонбрачно. Но, следната година имаат црковна венчавка и голема свадба на која ќе ги поканат семејството, пријателите и колегите. Ќе организираат забава за неколку стотици луѓе“, изјавил изворот за српски „Информер“.