Ќе има ли нова сезона на Се или нешто? – Лила го даде одговорот

|

Најгледаното квиз шоу во Македонија, Се или нешто, опстојува во етерот повеќе од 15 години, но повеќето фанови на квизот веќе се прашуваат дали воопшто ќе има нова сезона, поради тоа што вообичаено истата почнуваше на почетокот од месец септември.

Заштитните мерки кои владееја во државава изминатата сезона го скратија предвреме снимањето на шоуто па поради тоа многумина беа во исчекување дали воопшто некогаш ќе продолжи неговото снимање.

Сепак не очајувајте, бидејќи според она што го објави водителката Лила Филиповска, снимањата веќе започнаа минатата недела и интензивно се работи, па набрзо би можеле да очекуваме и телевизиска премиера.

Од видеата и фотографиите ма социјалните мрежи водителката Лила веќе можевме да ја видиме во две различни изданија, што значи на големо се снима.

Учесниците и водителката се веќе на своите места и рефлекторите се вперени во новите потенцинални милионери. Останува да видиме дали некој од нив конечно ќе го освои милионот.

(Н.Ј.)