Не по желба на пациентот, туку рецепт за диазепам само за оние кои навистина имаат потреба од тој лек. Здравствените власти велат со построги закони можат евентуално да ја контролираат епид емиската употреба и злоупотреба на ап чињата за смирување што според податоците од ФЗОМ ги пие секој полнолетен во државата.
-Се издаваат во преголема бројка, треба да се направи систем, но и самите матични нормално да пропишуваат рецепти. Ние она што можеме е да направиме построга регулатива на издавање. Секако, има реално лица на кој им треба овој лек, но не по желба на пациентот, вели Д-р Владимир Рендевски, заменик министер за здравство.
Само лани според ФЗОМ, официјално биле издадени над 1.380.000 рецепти, а во оваа бројка не се и диазепамите купени на приватно. Најголем пораст има во панде миските 2020 и 2021 година. Од Мој Термин, пак, одговорија дека во мај биле реализирани над 107.000, а во април 111.548 рецепти од овој лек или од аптеките се изнесуваат околу 4.000 кутии диазепам дневно.
Освен седативи и анти депресиви, најголема побарувачка и потрошувачка има за лекот за регулирање на крвниот притисок. А нередовното пиење на терапијата и занемарување на состојбата е една од најчестите причини за мозочен удар.
-Дури 80 проценти од пациентите со мозочен удар третирани кај нас имале нерегулиран крвен притисок, вели Рендевски.
Рендевски кој е неврохирург присуствуваше на тематскиот состанок одржан од здружението на неврохирурзи за новините во нивната област кои се во интерес и на пациентите и на лекарите.