Викторија Лоба пред неколку месеци му кажа „да“ на својот долгогодишен партнер Ѓорѓи, и пред камерите го покажа својот веренички прстен, а сега за „Бекстејџ“ откри кога ќе биде свадбата и дали веќе се подготвува за најважниот ден во животот.
Уште немаме одлучено ништо, оваа година мислам дека нема да биде. Имаме некои планови за патување во септември, а сакаме се да биде убаво организирано, па најверојатно свадбата ќе ја оставиме за наредна година, откри Лоба.
Инаку, пејачката и нејзиниот избраник живеат заедно веќе две години, а на почетокот ја криеа својата врска од очите на јавноста. Таа е во долгогодишна врска со скопскиот бизнисмен Ѓорѓи Калешов.
Имено таа сега по напорните професионални ангажмани, ужива на заслужен одмор и од таму постојано објавува фотографии со кои ги радува нејзините фанови.