Ќе настане хаос: Периодов избегнувајте го овој дел, ќе има привремен сообраќаен режим во Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Поради градежни активности, утре на дел од булеварот „Гоце Делчев“ ќе биде воведен привремен сообраќаен режим, што фазно ќе го опфати потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до крстосницата со улицата „Филип Втори Македонски“, како и булеварот ВМРО од булеварот „Партизански одреди“ до самиот мост.

Ова денеска го соопштија од Град Скопје, од каде информираат дека градежните работи ќе се изведуваат во две фази, истовремено во двете насоки на движење на мостот.

Во првата фаза при изведба на градежните работи, сообраќајот на потегот од Мавровка кон Влада ќе се одвива во две сообраќајни ленти, а сообраќајот на потегот од стара пошта кон Судска палата ќе се одвива само во една сообраќајна лента. Во втората фаза при изведба на градежните работи сообраќајот на потегот од улица „Филип Втори Македонски“ кон бул. Илинден ќе се одвива во само една сообраќајна лента, додека сообраќајот во спротивниот правец ќе се одвива во преостанатите две сообраќајни ленти.

Фазите на времениот сообраќаен режим се со времетраење од 20 денови по фаза, вкупно 40 денови.