Ќе се фатите за глава: Колку заработуваат Роналдо, Нејмар и Меси со објавите на Инстаграм?

ИЗВОРСкопје24
|

Познатата веб страна „Хупер“ која се занимава со рејтингот на маркетинг случувањата на социјалните мрежи направи елаборат за личностите кои имаат најголеми бенефиции од објавините на Инстаграм, а бројките кои ги добивме се навистина фрапантни.

Во спортската сфера, Роналдо е убедливо најпопуларен поради тоа што има дури 173 милиони следбеници, а со оглед на тоа што профилот го користи и за маркетинг, Португалецот заработува по 873 илјади евра од секоја објава на Инстаграм.

Втор на оваа фамозна листа е Бразилецот Нејмар кој за секој свој пост на оваа социјална мрежа инкасира по 647 илјади евра, а пиедесталот го комплетира Лионел Меси кој со оглед на тоа што е поповлечен на друштвените мрежи, заработува 581 илјади евра.

Иако со години е пензионира, високо на листата како четвртопласиран котира Дејвид Бекам кој заработува по 320 илјади евра за секоја своја објава, а потоа следат Леброн Џејмс (243), Роналдињо (229), Герет Бејл (195), Златан Ибрахимовиќ (179), Вират Кохли (175) и Луис Суарез кој ја комплетира топ 10 листата со заработка од 164 илјади евра.

Глобално гледано, Кајли Џенер е најпопуларна личност на социјалните мрежи и за секоја своја публикација добива по 1 милион и 135 илјади евра, следи Аријана Гранде со 893 илјади евра, додека на третото место е токму Кристијано Роналдо со своите 873 илјади евра по објава на Инстаграм.