Ќе се наежите од гласот на Тоше: Промо видео за осветувањето на манастирот Преображение во Крушево (ВИДЕО)

|

Манастирскиот комплекс „Свето Преображение“ – Крушево за чиешто што подигање најзалужен е великанот Тоше Проески, на 24.09.2023 (недела) ќе биде осветен. На покана на Митрополијата Крушевско и Демирхисарска, осветувањето благоволи да го изврши Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Први г.г. Стефан во сослужение на повеќе Архиереи на МПЦ – ОА.

Денес во јавноста пуштено е и промо видео со црковна музика на која пее Тоше Проески, и ова воедно е уште еден досега неслушнат материјал од легендата. Неговиот глас буквално одзвонува додека на видеото се вртат снимки и фотографии од внатрешноста на манастирот, каде има и негова насликана фреска.

Неодмна беше завршен фрескоживописот на храмот, а пред неколку години токму преку хуманитарен концерт посветен на Тоше се обезбедија пари за осветлување на храмот. Со тоа е целосно завршена изградбата и уредувањето на храмот кое го започна Тоше и неговите родители.