Ќе се одземаат нелегално издадените бугарски пасоши

ИЗВОРСкопје24
|

Бугарската национална телевизија БТВ соопшти дека нелегално издадените бугарски пасоши ќе се одземаат.

Оваа информација ја соопштија повикувајќи се на изјава на сведок во истрагата која е актуелна во Бугарија.„Македонците биле „привилегирани“ при добивање на бугарски пасоши, пренесуваат бугарските медиуми во врска со скандалот со издавањето на државјанства. Според сведокот, ангажирани се преку 100 „медијатори” кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите.

Неофицијално, Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош. Засега, македонското МВР нема добиено барање за вклучување во истрагата на бугарските органи на прогонот.