Заменик народниот правобранител Јован Андоновски објави дека оваа институција почнала соодветна правна постапка за ставката која ЕВН ја воведе на сметките за струја со која се наплатува преносот на елекреична енергија до домовите на граѓаните и до компаниите.
Ова следува откако граѓаните за месецот кој помина добија енормни сметки за струја и притоа добија нова ставка во сметките за пренос и дистрибуцијата на струја која кај многумина е поголема отколку самата цена на потрошена електрична енергија.
Бислимовски претходната недела изјави дека преносот и дистрибуцијата се плаќале отсекогаш, само што до пред два месеци биле вкалкулирани заедно со потрошената струја, а сега се издвоени во фактурите како посебна ставка.
Запрашан зошто износот за мрежарина во многу случаи е повисок од оној за струја, Бислимовски вели дека единствената причина за поскапувањето на дистрибутивната и преносната тарифа се зголемените загуби на електрична енергија. Негира дека кражбите на струја имаат врска со ова.