Ќе ви се насолзат очите: Последната објава на Дивна Карлеуша посветена на Јелена (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Прочуената радио водителка Дивна Карлеуша, мајка на пејачката Јелена Карлеуша за жал вчера не напушти после долго и тешко боледување.

Само еден претходно, Дивна на својот профил на Инстаграм сподели видео од настап на нејзинатаа ќерка и тоа впрочем беше и нејзина последна објава.

Мојата убавица, напишала Дивна во описот над видеото, а Јелена на тоа и порачала дека е нејзин ангел притоа не очекувајќи дека денес нејзината мајка ќе ја изгуби најтешката животна битка.

Погледнете ја преписката ТУКА.

Дивна во едно од нејзините последни интервјуа ја раскажа својата животна приказна, од љубовните врски со постари мажи од кои ја доби ќерката Јелена, до работата на радио.

Уште во средношколските денови победував на натпревари во рецитирање, но и во пишување песни. Сакав да се запишам на Ликовна академија бидејќи одлично цртав, но не ме примија. И денес сликањето ме опушта, па знам да си сварам кафе, да пуштам музика и по цела ноќ да бојам на платното. Инаку, се запишав на Правен факултет, но не го завршив. Се заљубив, се омажив и станав мајка, раскажала Карлеуша.

Првата голема љубов ја запознала на 17 години. Драган ѝ бил сосед и 11 години постар од неа. Се забавувале три години, а потоа одлучиле да се венчаат кога Дивна останала бремена.

Јелена е плод на љубовта бидејќи тинејџерските љубови се најсилни. Подоцна во животот имаше и побурни и можеби поубави, но така искрени врски никогаш. Можеби тоа искуство и Јелена можам да кажам дека беа главната причина што не се премажив, открила таа во една прилика.

Како новинарка и водителка, Дивна Карлеуша првите чекори во професијата ги направила во информативната редакција на Радио 202. Подоцна повеќе била фокусирана на естрадните случувања.

Имав работа која ми причинуваше задоволство, но и голем замор. Кога работев, Јелена ја чуваа мајка ми и тетка ми. Не беше темпото на работа причина за мојот развод. И мојот поранешен сопруг имаше специфично занимање. Звучи како фраза, но некомпатибилноста на нашите карактери доведе до разидување по седум години заеднички живот. Сфативме дека подобра варијанта е добар развод отколку лош брак. Денес тој има прекрасен брак, преубава жена и два сина кои се преслатки, објаснила Карлеуша во едно интервју.

На постари години, Дивна стекна и ТВ-популарност учествувајќи во повеќе реални шоуа, меѓу кои се „Големиот брат“ и „Парови“.